Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се откажав“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Ме бркаа ‘џандари’ со мотор, им бегав и им избегав ха, ха, а и јас бев на мотор.
17. Дали некогаш си се степал?
Некогаш? Секогаш ха, ха, ха.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Уфф, покрај тие лоши навики што ги имам, имам и многу добри - повеќе добри, така што ги покривам умешно лошите.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Средно и после средно.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам сè. Луѓето трчаат по пари и материјални работи, за жал, а никогаш не се свртеле да се погледнат дека, ако ништо друго, барем се здрави и прави - тогаш имаат сè.
21. Од што се плашиш?
Само од Господ.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Се викаше Лина, не знам каде е и што прави.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Рузмарииин, ха, ха.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Сите мои инвестиции, се надевам.

25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
Ретко добивам комплименти, не знам зошто, како да ми фалат, искрено.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Не се каам за ништо во животот. Секоја лоша работа ме направила посилен и е лекција за мене.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Искрено, лесно го изнудив и добив многу самодоверба. Си помислив дека сум привлечен за понежниот пол ха, ха.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Од хармониката. Сите ме зафркаваа дека свирам хармоника, ама никогаш не се откажав.
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Роберт: Што значи за вас зборот „среќа“?
CRNOBELO.com: Именка, женски род, ха, ха. За нас (CRNOBELO.com) среќа е ѕвонењето на канцелариското ѕвонче неколкупати во денот. Си го викаме „среќно ѕвонче“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
