Столе Димитриевски ја запроси саканата Ирина покрај море, по 1 и пол година врска
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Откако пред скоро две години отиде од Мадрид во Лисабон за нивниот прв љубовен состанок, голманот Столе Димитриевски ја побара за сопруга својата девојка Ирина.

Голманот на фудбалската репрезентација, Столе Димитриевски, по околу една и пол година врска, ја запроси својата девојка Ирина Јанкуловска.

Тој на Инстаграм сподели неколку љубовни фотографии, на кои стави едноставен опис: „Свршени“ и емотикони „прстен“ и „срце“.
Фотките се направени покрај море, а на кои се прегрнуваат, среќни се држат за рака и го слават убавиот момент.

Во разговор за CRNOBELO.com, Столе неодамна ја раскажа нивната љубовна приказна и тогаш ни откри дека Ирина го освоила со својата оригиналност, а тој, пак, летал од Мадрид до Лисабон за да отиде на прв состанок со неа.

Парот во моментов живее во Валенсија.
Погледнете повеќе фотографии:




Прочитајте и Љубовната приказна на Столе Димитриевски и Ирина: „Отидов од Мадрид во Лисабон на прв состанок со неа“
А. Ј. | Црнобело