Лазар Бараков се поклони на гробот на Ѓорѓи Колозов - ни врати тон емоции за легендарните Македонски народни приказни
- Детали
- вторник, 05 август 2025
Потег за пофалба! Лазар Бараков не го заборава својот пријател... Царот Ѓорѓи Колозов и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ.

Лазар Бараков (71) е еден од ликовите што ги одбележаа Македонските народни приказни.
Сите добро се сеќаваме на народните мудрости прикажани преку играта на одличната актерска екипа, меѓу кои беа и Ѓорѓи и Шенка Колозови, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски итн.

Лазар Бараков, кому најголемо богатство му се неговата сопруга Лилјана и трите деца, до денес се сеќава на дружбата со Колозов, за кој вели дека бил машинерија на целата приказна, а сега и го посети неговиот гроб и му оддаде почит, заедно со админот на страницата посветена на Ѓорѓи Колозов, Горан Марковски.

Горан Марковски на Фејсбук напиша:
„Денес, како админ на оваа страница, заедно со легендарниот Лазар Бараков, се поклонивме пред вечното почивалиште на последниот македонски цар – Ѓорѓи Колозов.

Нашата средба не беше обична, туку преполна со силни чувства и емоции.
Таа се случи на свето место – на гробот на човекот кој со својата уметност и умешност нè задолжи како народ и остави длабок печат во македонската култура и душа.

Со скромен поклон, ружа во рака, и длабок наклон му оддадовме чест и почит на човекот чие име никогаш нема да згасне!
Царот и понатаму живее во своите улоги, во разговорите и сеќавањата, во колективната меморија, во душата на овој народ!

Вечна слава честити царе!
Твојот народ не те заборава.
Админ - Горан Марковски“.

Инаку, „Што ќе дадеш на овој, ќе најдеш на оној свет“, „Доброто со добро, а лошото со лошо се враќа“, „Убавиот збор и железни порти отвора“ се само дел од пораките кои ги испраќаа Македонските народни приказни.
Македонските народни приказни нѐ научија дека некој таму горе води сметка за нашето однесување на земјата, па добрите ги наградува, а лошите ги казнува.