Горан Тонев, гитаристот на ДНК, се сретна со докторите од Солун што му го спасија животот: „Ми помогнаа во најтешкото“
- Детали
- понеделник, 16 март 2026
Горан Тонев не заборава, не заборава колку болеше 16.03.2025, не заборава ниту за тој месец што го помина во вештачка кома, ниту девојчето што му го спасило животот, ниту докторите кои го негувале како свое дете... Со лузни на себе, но благодарен за тоа што е жив, сега гушнат со нив, една година по трагедијата.

Горан Тонев, гитаристот на ДНК е еден од преживеаните на кобниот 16.03.
Со лузни на себе од кобната ноќ, со благодарност до девојче по име Моли кое со мајка ѝ го ставиле во автомобил и го однеле во кочанската болница и со тоа му го спасиле животот и со грутка во грлото за месецот по трагедијата кој го минал во вештачка кома, тој проговори што сè преживеал.

25-годишниот музичар потоа бил пренесен во Скопје, па транспортиран на лекување во болницата „Папа Николаос“ во Солун.

Прочитајте и Горан, преживеаниот гитарист на ДНК, си замина од болницата во Солун: „Благодарам на Бога што ми даде втора шанса“
Тој сега се сретна со медицинскиот персонал оттаму, кој покрај неговото семејство, му дале огромна поддршка во процесот на закрепнување.

Горан сега објави низа фотографии со нив и напиша:
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од Papanikolaou Hospital.
Мојата благодарност кон нив е бескрајна“.








Прочитајте и Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е последен пат“
С. С. | Црнобело