Лазар Бараков се поклони на гробот на Ѓорѓи Колозов - ни врати тон емоции за легендарните Македонски народни приказни
Во интервју за CRNOBELO.com Бараков во една пригода проговори за работата на Македонските народни приказни:
„Во Македонските народни приказни бев застапен дваесетина години, започнувајќи од 1987.
Екипата беше прекрасна, како од техничка страна, така и од глумачка страна.
Работата, иако беше макотрпна, иако бевме сериозни во работата, ја чувствувавме како весела игра кај мали деца.

Неописливо е пријатното дружење, другарувањето со Колозов, кој беше двигател на целата машинерија. Повеќе од пријатна беше работата со Ванчо, Гоце, Кире, Дади, Анче, Шенка, Стојна и други.
Таа сплотеност многу зависеше и од режисерите, архаичните тестови од Цепенков и најголем дел од приказните што беа сработени од режисерот Драган Велјановски.

Многу бргу минаа овие дваесетина години при работата на македонските приказни со тотална опуштеност во работата и позитивна енергија.
Со гореспоменатите колеги во работата се чувствувавме како во едно тело“.

Прочитајте и Лазар Бараков: „Минав 20 прекрасни години во Македонските народни приказни со Колозов, Ванчо, Гоце“
С. С. | Црнобело