Каде е и што прави денес Трајче Ѓоргиев од „Пинкови ѕвездички“: „И 10 години по шоуто, ме препознаваат на улица“
Интересно е што и понатаму ме препознаваат на улица.
Понекогаш, додека шетам или сум на некој настан, ќе слушнам: ‘Еј, тоа е Трајче од Ѕвездички!’, и секогаш ми е мило што луѓето се сеќаваат и ми приоѓаат со толку убави зборови.

Низ годините имав можност да настапувам два пати со Тони Цетински на неговите солистички концерти, првиот пат во Сава Центар во Белград, а вториот во мојата родна Струмица, што за мене беше особено емотивно.
Исто така, бев гостин на концерт на Гоца Тржан, а како особена гордост би го истакнал настапот со нашата македонска дива Калиопи на претставувањето на нејзината песна за Евровизија во 2016 година.

Меѓу моите бројни настапи и концерти се издвојуваат настапот и претставувањето на Македонија во Европскиот Парламент во Брисел (2016), Iss Dome во Германија, една од најголемите германски арени, Турската Олимпијада во Романија, Интернационалниот фестивал на јазик и култура во Белгија и Германија (IFLC) и Олимпијадата на генијалци во Њујорк (Освего) во 2018 година.

Во моментов генерално сум задоволен од тоа како ми се одвива животот.
Оваа година имав чест да бидам дел од организацијата на фестивалот ‘Смотра’, каде ја извршував и функцијата уметнички менаџер.
Тоа беше ново и возбудливо искуство за мене, да бидам од другата страна на сцената, да креирам концепт, да работам со уметници и да придонесам еден настан да изгледа и звучи беспрекорно.

Што се однесува до музиката, никогаш не ја оставив целосно.
Во последниот период снимив две песни со еден познат македонски продуцент, а наскоро би требало да се снимаат и спотови за нив.
Со тие проекти планирам повторно да се вратам на македонската музичка сцена, посилен и поисполнет од кога било.
Верувам дека тоа ќе биде само почеток на едно ново поглавје во мојата музичка приказна“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
