Даниел од Охрид ја запроси саканата Сандра на Канео: „Од возбуда го заборавил прстенот, го избра местото каде што се запознавме“

„Планот за запросување Даниел го смисли уште во јануари, а во мај им го откри на моите родители и воедно формално побара дозвола за мојата рака. Сите негови блиски пријатели веќе беа запознаени со планот“, раскажува Сандра Периса за запросувањето што ѝ го приредил партнерот на Канео во Охрид.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-01.jpg

Даниел Митревски од Охрид ѝ приреди незаборавно запросување на саканата Сандра Периса, и тоа во неговиот роден град.

35-годишната Сандра по потекло е Македонка и Хрватка, а живее во Келн, Германија. Работи како менаџерка, додека 33-годишниот Даниел е капетан и туристички водич кој организира приватни тури со негово бротче во Охрид.

Тие се запознале токму на неговиот брод минатото лето, имале врска на далечина со чести патувања за да можат да се видат секој месец.

Летово, пак, Даниел решил да ѝ приреди незаборавно запросување на Сандра на Охридското Езеро.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-09.JPG

За CRNOBELO.com, Сандра ја раскажува нивната љубовна приказна, а споделува и детали за убавото запросување:

„Се запознавме минатото лето, на неговиот брод The Pearl. Тогаш поводот за моето доаѓање во Македонија беше свадба во Кичево, па така со мојата пријателка се решивме да го посетиме Охрид за првпат - претходно сум била само еднаш во Македонија во Скопје.

Сакавме да го доживееме градот на автентичен начин, па резервиравме тура со брод – најубавиот начин да се запознае Охрид и неговото прекрасно езеро.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-02.JPG

Меѓутоа, бродот што го имавме онлајн резервирано беше веќе целосно пополнет. Па така, капетанот Даниел љубезно се понуди да ја преземе турата. Бидејќи нашиот хотел се наоѓаше во Радожда на околу половина час од Охрид, тешко најдовме паркинг, па затоа прилично задоцнивме.

Во обид да го пронајдеме местото на поаѓање на 'The Pearl', јас трчав во една насока, мојата пријателка во друга, а јас всушност трчав во спротивна насока, па капетанот Даниел трчаше зад мене.

Тој ден ни остана незаборавен — уживавме во магичната 'Sunset' тура, исполнета со музика, танц и многу смеа.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-2.JPG

На крајот од турата, Даниел ме покани да одиме на забава во клуб со него и неговите пријатели. Иако немаше конкретни планови за во клуб таа вечер, само сакаше да ме види повторно, па мораше ги организира своите пријателите за да изгледа како да се договориле претходно.

Таа вечер за жал, имав силна главоболка и задоцнивме на забавата, па тој помисли дека веројатно нема да се видиме повторно.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-13.JPG

По забавата, ме испрати до хотелот каде што на терасата разговаравме до утринските часови, разменивме броеви и почнавме редовно да се допишуваме. Неколку недели подоцна, повторно го посетив Охрид, и од тогаш официјално сме заедно.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-0.JPG

Имаме врска на далечина – помеѓу Германија и Македонија – но успеавме да се гледаме речиси секој месец. Нашите средби се случуваа во Охрид, Тирана, Германија и Хрватска.

daniel-od-ohrid-ja-zaprosi-sakanata-sandra-na-kaneo-go-izbra-mestoto-kade-shto-se-zapoznavme-03.JPG

Планот за запросување Даниел го смисли уште во јануари, а од мај веќе стана поконкретен. За време на неговата посета во Германија во мај, им го откри на моите родители и воедно формално побара дозвола за мојата рака.

Сите негови блиски пријатели веќе беа запознаени со планот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава