Иван Јованов наполни 34 години, сопругата со љубовна порака: „Само со тебе сè има смисла“
- Детали
- среда, 20 август 2025
„Те сакам со сите мои сетила“ - му порача сопругата Ивана и му подари 5 подароци, по еден за секое сетило, а и објави неколку семејни фотографии кои досега не ги споделиле јавно.

Фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, наполни 34 години.
Роденденот го прослави во интимна атмосфера со ќеркичката, сопругата, балдазата и баџанакот и нивното синче, а со кои е многу близок.

Иван објави неколку фотографии на Инстаграм Стори од прославата и роденденската торта.

Тој откри дека од сопругата доби неколку подароци и порака „Те сакам со сите мои сетила“.
Па, на еден од подароците пишуваше: „допир“, на вториот „вид“, третиот беше означен со „мирис“, а четвртиот со „звук“.

Петтиот подарок од сопругата Ивана беше означен со „вкус“, односно бела роденденска торта на која пишуваше „Среќен роденден љубов моја“.

За да му го честита роденденот, Ивана објави и неколку семејни фотографии кои досега не ги споделиле јавно, меѓу кои и фотка на која Иван спие покрај ќеркичката Ниа.
„Само со тебе сè има смисла“ - му напиша Ивана.

Иван цел ден на Инстаграм Стори споделуваше и фотографии од своите пријатели, но и колеги кои му го честитаа роденденот:





А. Ј. | Црнобело