Ирена Спировска влезе во студената вода на Кривошијскиoт Водопад во Лешница, па ја посети пештерата Убавица (фото)
- Детали
- среда, 27 август 2025
„За првпат се охрабрив да влезам цела во студената вода на Кривошијска река чија што температура изнесува од 10-12 степени. Искуството беше феноменално и незаборавно, всушност толку беше добро што го повторив трипати во еден ден“, откри Ирена Спировска, а со фотки сподели и каква авантура била посетата на пештерата Убавица.

Ако сте го посетиле некогаш, тогаш добро ја знаете магијата на Кривошијскиот Водопад (познат и како „Горно Цкало“), кој се наоѓа во областа Лешница кај Попова Шапка, на Шар Планина, на надморска височина од околу 1.900 метри.
Токму тој е едно од омилените места на нашата водителка, но и вљубеничка во природата и планинарењето Ирена Спировска.

Водопадот е создаден од водите на Кривошијската река која тече низ живописен кањон, а обликот на теренот со големи издлабени дупки наречени „Кривошијски кади“ создава драматични сцени.

Ирена на нејзиниот Инстаграм профил откри дека ова место го посетувала многупати досега, но дека за првпат одлучила да се искапе во студената вода.

Таа за ова искуство напиша:
„Многупати сум била на Кривошијски Водопад на Лешница, но овој пат за првпат се охрабрив да влезам цела во студената вода на Кривошијска река чија што температура изнесува од 10-12 степени.
Искуството беше феноменално и незаборавно, всушност толку беше добро што го повторив трипати во еден ден“.
Kликнете на видеото:
Но, авантурата не сопре тука.
Таа ја посети и пештерата Убавица, позната и како тоа „Убава“ или „Ѓоновица“, која се наоѓа на планината Буковиќ, веднаш до стариот пат меѓу Гостивар и Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица.

Со група Ирена ја истражуваше оваа пештера и објави низа фотографии оттаму.
