Мајката на малата инфлуенсерка Фрида: „Првиот училиштен ден за нашето прваче беше неочекувано тежок, со солзи“
Но, училиштето е сосема нова етапа – нова средина, нови предизвици и поинаква динамика, па сосема е природно што ѝ беше потребно малку време за да се приспособи.

Веројатно затоа што првиот ден беше опкружена со сосема нови лица – преовладуваа деца што не ѝ се познати, па тоа ја направи малку несигурна.
Можно е и возбудата од новото искуство да ја совладала, па на тој начин реагираше.

Но, ние останавме смирени и ѝ дадовме време.
Наместо да ѝ го минимизираме чувството, ја сослушавме и ја охрабривме дека е нормално да се чувствува несигурно на почеток.

Веруваме дека токму преку нашата поддршка и блискост таа брзо ја пронајде својата сигурност“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
