Мајката на малата инфлуенсерка Фрида: „Првиот училиштен ден за нашето прваче беше неочекувано тежок, со солзи“
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
„Не очекувавме таква реакција затоа што Фрида од најрана возраст беше постојано опкружена со други деца, посетуваше градинка, учествуваше во разни активности и детски кампови, но емоциите ја совладаа, плачеше и беше збунета од сè што е ново околу неа“, вели мајката на првачето Фрида за CRNOBELO.com.

Тргнувањето во училиште е една огромна промена во животот на децата и на само 6-годишна возраст тие се соочуваат со сосема нови лица и цел еден нов свет, па не е ни чудно што некои од нив ова го доживуваат многу емотивно.
Таков е случајот и со првачето Фрида, која е наша мала модна инфлуенсерка со 13.000 следбеници на Инстаграм.
Нејзината мајка го споделува ова искуство за CRNOBELO.com:
„Првиот ден во училиште за Фрида се покажа како неочекувано тежок.

Емоциите ја совладаа, плачеше и беше збунета од сè што е ново околу неа.

Сепак, ние како родители, имавме разбирање – свесни бевме дека се работи за нова средина, нови лица и едно големо искуство за неа.

Среќни сме што со секој изминат ден сè повеќе се прилагодува, а веруваме дека наскоро ќе дојде моментот кога со радост и нетрпение ќе тргнува кон училиште.

Инаку, не очекувавме таква реакција затоа што Фрида од најрана возраст беше постојано опкружена со други деца – посетуваше градинка, учествуваше (и сѐ уште учествува) во разни активности и детски кампови.
Токму затоа најмалку очекувавме нејзиниот прв училиштен ден да биде проследен со солзи.

