Се ожени Марио од 2Бона со саканата Исидора - венчавка во црква, невестата смени два фустани
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025

Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која пред извесен период зборуваше дека му е најголема поддршка и љубов во животот.

Тој во таа пригода се отвори и за проблемите од приватниот живот и изјави:
„Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром, нема да можам да користам медицински израз да не згрешам нешто, не сум навлезен во тоа, зашто не ми е битно.
Мене ми е битно да сум среќен со неа“, а потоа додаде дека одлучиле дека заедно можат сѐ.
Исидора потоа проговори за ова и во интервју за CRNOBELO.com.
Исидора блескаше на свадбата, а за нејзиниот изглед се погрижи стилистот Даниел Николовски.
Парот славеше во друштво на саканите, а блеснаа и за време на првиот танц.

За микрофонот во еден миг се фати и Марио, Исидора долгата бела венчаница ја замени со кусо фустанче, а на свадбата присуствуваа и Стефан Лазаров, Слаткар и низа други наши познати јавни личности.

Повеќе фотографии од свадбата:




