Од денес работат сообраќајните камери во Скопје!

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje-povekjeВе советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

 

Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.

Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje

Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.

Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.

извор: carclub.mk

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Случка од патека на Водно: Конфликт на велосипедист и пешак ги подели мислењата - кој е во право? (в... На Водно дојде до голема кавга помеѓу рекреативен планинар и велосипедист. Плани...
Милчо Манчевски за средбата со кралот Чарлс: „Ми побара да го види ‘Пред дождот’, многу е трпелив“ „Приемот во Лондон беше во првата и најстара кралска палата Сент Џејмс. Потоа се...
Студенти и експерти заедно во Преспа: Архитектонско документирање на  културното наследство   Теренската активност се реализира во рамки на ЕУ проектот ACT4PRESPA  Те...
Наташа Фигурела: „Сите сакаме пари - јас сум хедонист, сакам луксуз, скапи чанти, убав автомобил“ „Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... М...
Емилија Мицевска од плажа во 8-иот месец од бременоста: „Со трудница не се зборува нападно и со беск... „Со трудница не се зборува гласно, навредливо, како светот да знае подобро од не...

Најчитани неделава