Дани Димитровска објави нови фотки од венчавката - со синот во прегратка, му пее на сопругот
- Детали
- среда, 17 септември 2025
Дани објави фотографии на кои во бели панталони блеска покрај својот избраник на чинот на регистрација. Таа ужива покрај некогашниот кошаркар Горан Веселиновски, како и во друштво на нејзиниот син и неговата ќерка.
фото: Кристијан Теодоров
Дани Димитровска на 10-ти септември стапи во брак со саканиот Горан Веселиновски – Весел, а сега објави и нови фотографии од регистрацијата.

На интимната венчавка беше и синот од првиот брак на Дани, Лазар, а таа објави низа фотографии направени во прегратка со него.
Насмеана и ведра, Дани во еден миг му пее и на сопругот.

Дани за регистрацијата избра бели панталони во комбинација со бела ролка без ракави и со карнери, додека Горан е во бела кошула.
Ќерката на Горан, од првиот брак, е во црн аутфит.

За прославата во ресторан, која беше неколку дена подоцна, Дани облече елегантна венчаница.


Прочитајте и Дани Димитровска и саканиот Горан направија свадба – пејачката блесна во уникатна венчаница, сопругот во полежерно издание (фото)
С. С. | Црнобело