Дани Димитровска и саканиот Горан направија свадба – пејачката блесна во уникатна венчаница, сопругот во полежерно издание (фото)
- Детали
- недела, 14 септември 2025
Дани Димитровска и сопругот Горан направија свадба, неколку денови по венчавката. Пејачката изгледаше преубаво во уникатната венчаница со корсет и шлиц, а потоа облече и друг фустан.

По венчавката минатата недела, синоќа (13.09) Дани Димитровска и сопругот Горан Веселиновски – Весел направија и свадба.
Пејачката изгледаше преубаво на својот посебен ден со уникатна венчаница со корсет и плисирано здолниште со шлиц, а носеше и кафеав со колан на половината.
Косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа.

Потоа Дани го промени аутфитот – облече елегантен фустан со раскошен детаљ на едното рамо.
Сопругот Горан беше во малку полежерно издание, со кошула, сини панталони и патики.

И тортата на младенците беше со уникатен изглед – на два ката, во четвртеста форма и украсена со огромно срце.

Ова е втор брак за Дани која првпат се омажи на 20-годишна возраст, а следната година го доби и синот Лазар.
Нејзиниот сопруг е директор на КК „Работнички“, а порано беше кошаркар.
Повеќе фотки од свадбата во продолжение:


