Марис, по естетската корекција на увото, прави испитувања за хашимото: „Во Шведска докторите советуваат поинаку“
На тема испитувањата за хашимото, кои се прават преку крв Марис вели:
„Ќе правам целосна лабораторија за тироидната (контролна за да видам што до каде дошло бидејќи дозата ми ја сменија во јули).
Во Шведска ако испитуваш нешто преку крвта, не треба да јадеш 12 часа пред тоа.

И јас го прашав ChatGPT дали треба така, затоа што кај нас во Македонија никогаш не ми го кажале тоа, и ChatGPT кажа да.
Така што јас не јадев од вчера во 16 часот. Пиев само вода.

Исто така не треба ни суплементи да земаш, пред правење крвна слика - така е во Шведска и така кажа ChatGpt, барем за испитувања со тироидната.
Така што прашувај си задолжително пред испитувања што смееш, а што не, и не се потпирај на едно мислење, истражи и сам/а“.
Прочитајте и Нора Шаќири 13 години има хашимото: „Три години не можев да забременам, верувам дека болеста е причината за тоа“




Прочитајте Марија од Скопје со исповед што освестува: „Насобраниот стрес ми резултираше со Хашимото тироидитис“
С. С. | Црнобело