Марија од Скопје со исповед што освестува: „Насобраниот стрес ми резултираше со Хашимото тироидитис“

„Изминатава година беше чудно турбулентна. Имаше многу неубави вести. Доживеав и класичен „burnout“ (прегорување од преоптовареност) и акумулиран стрес што резултираше со Хашимото тироидитис“, вели Марија од Скопје, позната на Инстаграм по нејзините прекрасни рецепти како МаријаМаријаМарија.

marija-od-skopje-so-ispoved-shto-osvestuva-nasobraniot-stres-mi-rezultirashe-so-hashimoto-tiroiditis-01.jpg

Марија (39) од Скопје позната како „МаријаМаријаМарија“ на Инстаграм е наша инфлуенсерка и нутриционист, која воодушевува со вкусните и здрави рецепти кои ги споделува.

Таа, исто така, е голем вљубеник во патувањата, иако ова го прави малку поретко откако се реализираше во улогата на мајка.

Сепак, дека и со дете може да се патува и да се помине одлично и на далечна, егзотична дестинација е доказ нејзиното семејно патување на Малдиви.

Таа оттаму објави прекрасни фотки и видеа и во една објава искрено открива дека ова патување ѝ е награда за тешката година која ја има зад себе и со тоа потсетува дека во животот најважна е грижата за себе и своето здравје.

influenserkata-marijamarijamarija-nasobraniot-stres-mi-rezultirashe-so-hashimoto-tiroiditis-09.jpg

Искрената исповед на Марија:

„Изминатава година беше чудно турбулентна. На некои полиња многу успешна, на други, мнооогу помалку.

Во 2024 работев многу и сработев многу, квалитетно и успешно - на што сум особено горда.

Но, во исто време доживеав и класичен „burnout“ (прегорување од преоптовареност) и акумулиран стрес што резултираше со Хашимото тироидитис.

Годинава имав прекрасни мигови, но и многу, ама многу стресни денови, што искрено не верував дека ќе ги издржам и пребродам.

„Машки“ се справив со многу деликатни ситуации и за жал, добив многу неубави вести…

Screenshot_13.jpg

Така некако одбрав овој одмор да ми биде награда за цела година.

За сѐ што сработев, направив, издржав, реализирав, пребродив, премолчев… И баш ваков одмор ми беше повеќе од потребен - ментално, емоционално и физички.

influenserkata-marijamarijamarija-nasobraniot-stres-mi-rezultirashe-so-hashimoto-tiroiditis-11.jpg

За прв пат годинава не мислев на ништо друго освен на она што ми се случува тука, бев комплетно присутна и вистински одморав.

Не сум сигурна што ќе донесе следната година, но си ветив дека ќе дадам сè од себе малку да успорам, приоритет да ми биде грижата за себе, сопственото здравје и здравјето на моето семејство.

Дека нема да правам компромиси околу нешта што ме исполнуваат и прават среќна и дека ќе се фокусирам годината да биде исполнета со повеќе авантури, но и успеси.

Веќе почнав да си креирам „vision board“ (табла на цели) за следната година, а зборот за 2025 е: Flourish. Со ова, сакам да ја искомбинирам моќта на неколкуте зборови што ќе ми бидат во фокус годинава и нивната моќ, како: self-care, creation, discipline, growth (грижа за себе, креирање, дисциплина, раст)“.

Прочитајте и На гости кај Марија: Светол стан од 100м2 во Скопје со асиметрија, многу книги и растенија (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
Инфлуенсерката Сандра Кирков храни елени на остров среде Јадранот: „Шетаат слободно, ве пречекуваат ... „Нека ме штипне некој дека стварно го гледам ова со мои очи. И тоа на остро...
Актерката Марија Лазарова му кажа ДА на саканиот, брат ѝ Стефан Лазаров ѝ честиташе: „Вечни да сте“ „Заедно да си остариме и да си се згрбавиме“, напиша Марија на Инстаграм и објав...
Филип од Скопје ја запроси саканата Марија пред водопад во Италија, со прстен инспириран од „Господа... „Омилен филм ни е 'Господарот на прстените' и отсекогаш сум сакала прстен инспир...
Марија Саздева со исповед: „Како дете се радував на дијагнозата тумор - само тогаш бевме поврзани со... „Кога имав 9 години, добив тумор на крвните садови. По секоја контрола во болниц...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава