Марис, по естетската корекција на увото, прави испитувања за хашимото: „Во Шведска докторите советуваат поинаку“
- Детали
- четврток, 18 септември 2025
„Ќе правам целосна лабораторија за тироидната (контролна за да видам што до каде дошло бидејќи дозата ми ја сменија во јули). Во Шведска ако испитуваш нешто преку крвта, не треба да јадеш 12 часа пред тоа. И јас го прашав ChatGPT дали треба така, затоа што кај нас во Македонија никогаш не ми го кажале тоа, и ChatGPT кажа да“, вели Марија Илиев од Штип, позната како Марис.

Марија Илиев од Штип е наша модна инфлуенсерка позната како Марис со повеќе од 63.000 следбеници, на која сега Шведска ѝ е дом.

Но, периодов таа престојува во Македонија, а обожава да ја посетува својата родна земја во секој слободен миг.
Сега, беше една од гостите на забавата на „Убавина и здравје“, а како и секогаш одвои време за дружење со својата пријателка Јелена Спенџарска.


Пред извесен период таа отворено зборуваше за операцијата на едното уво, кое си го сметала за клемпаво, и која ја извела во Македонија.
Тогаш откри дека две седмици носела завои на уши и дека процедурата била изведена во Државна болница во Скопје.

Прочитајте и Марис за естетската корекција на увото: „Процедурата е безболна, ја правев во Државна болница кај д-р Игор Пеев“
Но, Марис не престанува да зборува јавно кога е здравјето во прашање, па сега искрено на Инстаграм стори сподели какви испитувања прави во врска со хашимото.

Таа ги изведува во Скопје, но за подготовката околу нив вели дека следи совети што ги добила во Шведска.

Инаку, хашимото е автоимуна болест која ја напаѓа тироидната жлезда. Во оваа состојба, имуниот систем на телото погрешно ја напаѓа и уништува тироидната жлезда, што води до хипотироидизам, состојба каде што тироидната жлезда не произведува доволно хормони.
Тироидната жлезда е многу важна, бидејќи ги регулира метаболичките процеси во телото преку производство на хормони кои ја контролираат температурата на телото, срцевиот ритам, енергијата и тежината.
