Цаци Паковска емотивна за роденденот на синот (14): „Додека трепнав, од бебе во моите раце, се претвори во извонредно момче“

„14 години. Трепнав, и бебето во моите раце е заменето со овој извонреден млад човек, со свои ставови, свои соништа и своја брилијантна патека. Ти си ми најголемата љубов и животна авантура“ – стои во емотивната објава на Цаци Паковска, со фотки од нејзиниот син низ годините.

caci-pakovska-emotivna-za-rodendenot-na-sinot-14-dodeka-trepnav-od-bebe-vo-moite-race-se-pretvori-vo-izvonredno-momche-01.jpg

Цаци Паковска во минатото се прослави како моден стилист и моден дизајнер, а сега како извршен продуцент што стои зад едни од најголемите и успешните проекти за млади, „Дајте музика“ и „Тин камп“.

Таа на својот Инстаграм профил редовно споделува за успесите кои ги достигнуваа со тинејџерската серија која ги освои младите, а не пропушта шанса да ги пофали актерите кои ги гледа како свои деца и на кои е посебно горда.

Но, покрај нив, таа во животот го има своето најголемо богатство, родениот син Војдан, кој сега наполни 14 години.

По тој повод, таа објави видео составено од повеќе фотки низ годините, а во описот напиша емотивна порака.

„14 години. Многу одамна, а сепак чувствувам како времето да помина додека да земам здив.

Трепнав, и бебето во моите раце е заменето со овој извонреден млад човек, со свои ставови, свои соништа и своја брилијантна патека.

Ти си ми најголемата љубов и животна авантура. Среќен роденден сине мој!“.

Кликнете на видеото за да го погледнете:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Синот на Бубо Каров, шеговито пред 40-тиот роденден: „Постигнав многу, вратот ми е вкочанет, рамото ... „Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав мно...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...

Најчитани неделава