Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам да се радувам - кој е проблемот?“
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
„Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум мечтаела да имам свој стан еден ден и знаете што си викам кога купив – Па, добро де, секој може денес да си купи стан. Голема работа. Секогаш ги минимизирам своите достигнувања и некој друг е подобар“, вели Јелена Спенџарска.

Јелена Спенџарска секогаш искрено зборува за подемите и падовите во својот живот, а сега сподели зошто постојано ја мачи чувство на незадоволство и покрај сите нејзини успеси.
Нејзината емотивна исповед гласи:
„Зошто не знам да се радувам на сопствените успеси?
Ова е прашање кое ме јаде од внатре цел мој живот и секогаш ми создава некој чуден притисок да мислам дека нешто не е во ред со мене.

Толку многу убави соработки со големи компании, толку многу блиски контакти со луѓе од сите сфери, значи од секакви професии, преубави пријателства преку мојата професија.
Бесплатни патувања, ова сакам да го напомнам – бесплатни патувања низ светот каде не отидов само за да пренесам некоја порака од некое парче на земјата за кое само сум сонувала како мала.

Безброј проекти преку кои ај што созреав за 100 години, туку ми донесоа и финансиска поддршка за да можам да си ги исполнувам сите свои задоволства кои ми беа многу далечни до пред неколку години.
И не го кажувам ова за да се фалам, туку баш напротив, уште дупло убавини мене да ми се случат јас не го гледам ова како успех или, пак, како некое достигнување и тоа е проблемот, дека за мене успех е она што му се случува на некој друг, таму некаде, некој друг има таму многу пари или многу моќ, некој друг ги носи одлуките наместо тебе, секогаш е некој друг!

И кога почнав да ги освестувам сите оние невистини коишто ни се инсталирани во главата уште како деца, сфатив дека тоа не е сè.
Приказните со кои сме пораснале ни го управуваат животот денес.

А јас како дете секогаш морав да се покажувам пред другите. Не смеев да се истакнувам за да не ги засенам другите, остани во сенка, прави како што ќе ти кажат затоа што ќе бидеш казнета.
И нормално мојот нервен систем е научен на што?
Да игра на сигурно, на мало и не ми дозволува да уживам во големите работи затоа што алармот е секогаш тука: „Ако блескаш пресилно, некој ќе дојде и ќе ти уништи сè.

