Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам да се радувам - кој е проблемот?“
И затоа денес јас што правам? Си ги намалувам, си ги минимизирам личните достигнувања како форма на одбрана на детето во мене.
Си велам потсвесно – Ајде бе ова не е ништо посебно за да не се разочарам, ако некој дојде и ми уништи сè.

Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години.
Значи цел живот сум мечтаела да имам свој стан еден ден и знаете што си викам – Па, добро де, секој може денес стан. Голема работа.
Секогаш е некој друг.

Не знам ова чисто како пример ви го кажувам.
Мојот мозок постојано се споредува со луѓето коишто имаат и прават повеќе од мене, а не со оние коишто имаат помалку.

Оваа споредба ми прави едно такво незадоволство, да се чувствувам дека заостанувам зад другите, иако во реалнста не е тоа точно.
Преку психотерапија освестив и дека мојот проблем не е недостатокот на успех, туку недостатокот на себепризнавање.

