Тијана Скулиќ прослави 30-ти роденден во скопски локал – Миа запеа на микрофон, декорација со лимони и скулптури од мраз (фото)
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
Тијана Скулиќ, нашата инфлуенсерка, која многумина ја запознаа и како најголема поддршка на Миа Костова, прослави 30-ти роденден со голема забава - славеничката во елегантен аутфит, декорација со лимони на кои беше напишано името на секој гостин, скулптури од мраз низ кој тече шампањ, а Тамара Тодевска се качи на сцена и ја натера и Миа да запее.

Тијана Скулиќ, која работи како видеограф и видео едитор, а во меѓувреме е вљубеник во патувањето и готвењето вкусни специјалитети, многумина ја запознаа и како најблиска поддршка на Миа Костова, па двете инфлуенсерки заедно имаат големо влијание кај својата публика на социјалните мрежи.
Сега, Тијана наполни 30 години, а својот јубилеен роденден го прослави со спектакуларна забава во скопски локал со своите најблиски.

Декорацијата на роденденот беше тематска, на маса за вечера беа наредени чинии и на секоја од нив имаше лимон со името на гостинот, трпезата беше украсена со гранчиња, лимони и свеќи со жолти панделки, a се точеше шампањ од скулптура од мраз во форма на коцки со парчиња лимон.

Славеничката носеше црни панталони со елегантно бело сако, искомбинирано со бели патики и темни очила, а свеќичките со број 30 ги дувна на бела торта украсена со гранчиња и лимони.


За забавата во локалот беа задолжени „Либеро бенд“ и Барбара Поповиќ, но Тијана и Тамара Тодевска се качија на бина и ја преземаа накратко сцената, па дури и Миа Костова ја запеа „Тажна љубов среќна песна“.

„Ама не, не ми го правиш ова...“ – се пошегува Миа кога Тамара ја охрабри да продолжи со пеење.

Инаку, минатата година, Миа направи голема бохо прослава за својот 40-ти роденден заедно со Тијана која го славеше 29-тиот, а како тогаш, така и сега, изгледа како сите да уживаат додека пеат и танцуваат на забавата приредена од славеничката.

Погледнете повеќе фотки од 30-тиот роденден на Тијана:






М. М. | Црнобело
