Менче Трповска: „Со вештачки колк, болки во лакт од стара операција и воспален нерв на кичма - истрчав 21km на Скопски маратон 2025“
Трчав со болка во телото, но со голема љубов кон трчањето, со верба, со дисциплина и со благодарност кон моето тело што, и покрај сè, издржа до крај.

Секој километар ми беше потсетник дека границите постојат само во умот и дека не мораш да бидеш совршено подготвен за да бидеш доволно храбар.

Овој полумаратон за мене не е само бројка, тој е потсетник дека ништо не е невозможно кога не се откажуваш и кога имаш добар „тим“ на доктори и физиотерапевти позади себе, особено да нагласам дека само поради тоа што е совршено направена операција на целосната протеза на колкот јас можам да трчам, без проф.др Камнар немаше да бидам ова што сум денес!

Секако сум горда и на себеси што сум истрајна и што успеав да го финиширам мојот прв полумаратон со солзи во очите од радост и доказ дека пречките се навистина само во умот, а не во телото.

Се гледаме следна година на 42km, целосниот маратон!“


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело