Менче Трповска: „Со вештачки колк, болки во лакт од стара операција и воспален нерв на кичма - истрчав 21km на Скопски маратон 2025“
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
Менче во 2023-та година имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата коксартроза, а годинава го истрча својот прв полумаратон, односно истрча 21km на Скопски маратон 2025. „Овој момент за мене не беше само трка, туку симбол на храброст“, вели таа за CRNOBELO.com.

Стаменка Трповска - Менче (31) од Скопје, по професија музичар – теолог, е вистинска инспирација oд година во година.

Таа во 2023-та година имаше операција за замена на колкот, поради дијагнозата коксартроза, лани веќе трчаше на Скопски маратон, а годинава го истрча својот прв полумаратон, односно истрча 21km на Скопски маратон 2025.

Инаку, коксартрозата е хронично дегенеративно дистрофично заболување на зглобовите. Најчесто ги погодува постарите, но не ги исклучува ниту помладите луѓе.

Менче за CRNOBELO.com вели:
„Истрчав 21km на Скопскиот маратон, мојот прв полумаратон.
Овој момент за мене не беше само трка, туку симбол на храброст, истрајност и она што сум јас - упорна во она што го сакам.

Времето во кое го завршив беше навистина значајно, особено ако се земе предвид дека имам вештачки керамички колк стар две и пол години. Но тоа не беше пречката.

Вистинскиот предизвик беа силните болки во лактот од стара операција, кои траеја веќе неколку седмици, и воспалениот нерв на кичмата, кои се појавија само неколку дена пред трката и речиси ми ја оневозможија подготовката.

Но, благодарение на мојот доктор, проф. др. Виктор Камнар и мојот физиотерапевт Дејан Парцанов кои направија сè што можеа за да ме „санираат“ и подготват барем делумно, решив дека нема да се откажам од маратонот.
