„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат од Панчо
- Детали
- вторник, 14 октомври 2025
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова, една од многуте блиски на Панчо од ДНК, кои се простуваат од својот другар и соработник.

Седум месеци по пожарот во Кочани (16.03), во кој загина Андреј од ДНК, почина и Владимир Блажев - Панчо, вториот член на дуото.
Панчо повеќе од пола година се бореше со повредите, изгорениците на телото и лицето, и иако неговите најблиски, пријателите и фановите се надеваа дека тој е подобар и ќе излезе од болница, за жал, им подлегна на повредите.

Смртта на Панчо ја остави во неверување јавноста, а пријателите почнаа да се збогуваат од него на социјалните мрежи.
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, стои во пораката од Перо Антиќ.

„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова.


„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“ - напиша Антониа Гиговска и објави две фотографии со Панчо.


„Душата ми е распарчена стари... Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам. Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг...
Стари мој, што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш...“ - напиша Таско.
„Што и да сакам да кажам, малку е.. Не излегува од грлово... Почивај во мир голем човеку“, напиша пејачката Нина Јанева.
