Последно збогум! Владимир Блажев - Панчо утре ќе биде испратен во вечното почивалиште во Бутел

Телото на Панчо ќе биде изложено во црквата Св. Илија во Аеродром, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него.

posledno-zbogum-vladimir-blazhev-pancho-utre-kje-bide-ispraten-vo-vechnoto-pochivalishte-vo-butel-01_copy.jpg

Сопругата Маја и блиските пријатели преку социјалните мрежи споделија информација дека погребот на починатиот музичар ќе се одржи утре (16.10) на гробиштата во Бутел.

„Последен поздрав!

На ден 16.10.2025 г., неговите ближни, роднини и пријатели, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев - Панчо.

Телото ќе биде изложено во црквата Св. Илија - Аеродром.

Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.

Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13:30 часот.

posledno-zbogum-vladimir-blazhev-pancho-utre-kje-bide-ispraten-vo-vechnoto-pochivalishte-vo-butel-02_copy.jpg

Панчо почина на 46 години. Животот го загуби седум месеци по повредите со кои се здоби при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март, а во која загинаа уште 62 лица.

Тој зад себе ја остави неговата Маја и синовите Андреја и Марјан.

Прочитајте и Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на Панчо од ДНК

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
Панчо полни 46 години, пријателите му испраќаат пораки со поддршка: „Издржи, стари, цела Македонија ... Роденденски пораки на Панчо му оставија и пријателите, но и луѓе кои никогаш не ...
Владимир од Скопје ја запроси Андријана на брегот Амалфи: „Изнајмивме мотоцикл, уживавме во поглед н... „Застанавме на едно прекрасно место со поглед кон Поситано, каде што тој ме запр...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава