Сопругата на Даниел Кајмакоски му упати честитка за 42-иот роденден: „Сакан мој, убаво старееш, не грижи се!“
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
„Сакан мој, едно знај – зад себе нè имаш нас четворица, кои те обожаваме, секој пат нетрпеливо те исчекуваме и ужасно ни недостигаш кога не си тука“, вели Марина Кајмакоска (35) од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово.

Даниел Кајмакоски денес го слави својот 42-ри роденден, а сопругата по тој повод му упати емотивна честитка во која му нагласува колку го сакаат таа, нивните две деца и миленикот, кој им е неизоставен дел од семејството.

Нејзината честитка гласи:
„Сакан мој, биди ми здрав и среќен, радувај се, смеј се, уживај во животот, биди ми добро.
И едно знај – зад себе нè имаш нас четворица, кои те обожаваме, секој пат нетрпеливо те исчекуваме и ужасно ни недостигаш кога не си тука.
Едвај чекам да видам што убаво животот ни носи понатаму.
Среќен роденден.
П. С. Убаво старееш, не грижи се!“


Инаку, Марина Кајмакоска, девојачко Антиќ (35) потекнува од Ранилуг, прекрасно мало место на Косово, по професија e доктор, специјалист по анестезиологија, реаниматологија и интензивна нега.

Со Даниел живеат во Белград, а за него во интервју за CRNOBELO.com таа изјави дека всушност му била многу голем фан пред да се запознаат:
„Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 година, кога се натпреваруваше во шоуто „X Фактор“.
Бев воодушевена од целата негова појава. Го следев и навивав за него цело време и мислев колку би било убаво некогаш да го запознаам“.





Прочитајте повеќе тука Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“
С. С. | Црнобело
