Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остави капар за фустан“
За жал, ова ателје постоеше само неколку месеца.
Све што имав вложив у материјали, ентериер и фустани. Отварав сам секој ден, дотеран затоа што чекав клиенти.
Секој ден ентузијастички верував дека некој ќе дојде на врата, некој ќе остави капар за креација.
Ни на крај памет не ми беше дека за 6-7 месеца ја ќе имам само 3 нарачки… и дека ќе морам да затворим!

Неколку дена по отварањето, имав и насловна страна во „Вест“, специјално издание со моја креација.
Ја пресреќен!

Когај сфатив дека сум банкротирал „просто кажано“ - све собрав у кутии, креациите у футроли, материјалите ги здиплив по куфери…
Со плачење, но со дигната глава - закључив!
И да, ја платив последната кирија и сите сметки! Дужен не останав. Така сум воспитан - да се ценкам како *** ама да не дужим нигде!

На ова дете од 21 година на сликава уште му се чудим како продолжи истото да го работа, со ист ентузијазам и со уште поголем инает дека ќе биде успешен!
Ми викаа, добро… не се секирај… млад си… ќе се пронајдеш у нешто друго… ќе запишеш факултет…
Ме болеше што некој околу мене не веруваа толку колку што верував ја сам на себе!
Дека ЈА, Златко ЈЗЈ ќе бидем светски дизајнер…“

А. Ј. | Црнобело
