Цајо, првиот менаџер на ДНК: „Никогаш не му се лутев за шегите на Панчо, беше вреден крт, а Андреј балансираше“

„Ги познавав уште кога ме побараа да бидам менаџер на Андреј во ТНТ и Панчо во ОК БЕНД. Соработката продолжи кога по иницијатива на Панчо се роди групата ДНК. Панчо другарe мој... мислев дека ти ќе бидеш новиот Борец за да остане ДНК“, гласи дел од објавата на Милорад Цаиќ Цајо.

cajo-prviot-menadjer-na-dnk-nikogash-ne-mu-se-lutev-na-shegite-na-pancho-beshe-krtica-a-andrej-balansirashe-01_2.jpg

Милорад Цаиќ Цајо, култен лик во Скопје, менаџер на локали и организатор на многу модни и музички настани во градот, со својот статус на Фејсбук сподели спомени од времето кога работел како менаџер на ДНК, односно како менаџер на Андреј и Панчо уште пред времето на ДНК.

cajo-prviot-menadjer-na-dnk-nikogash-ne-mu-se-lutev-na-shegite-na-pancho-beshe-krtica-a-andrej-balansirashe-03.jpg

Неговата објава гласи:

„Спомени од 2013 година:
Сликани сме на промоција на нов спот на Дарко Илиевски во Сити Мол, заедно со мојата бивша група Панчо и Андреј – ДНК!

Не знам што да напишам од болка за моите пријатели и другари како прв менаџер на ДНК.

Ги познавав уште кога ме побараа да бидам менаџер на Андреј во ТНТ и Панчо во ОК БЕНД.
Соработката продолжи кога по иницијатива на Панчо се роди групата ДНК.

Секогаш ќе се сеќавам на забавите што ги правеше Панчо на мојa сметка, но тие беа толку интересни што секогаш ме насмејуваше, па никогаш не се лутев на неговите фори.

Андреј беше сосема друг карактер – тој беше балансерот во групата, човек кој сакаше сè да помине во ред.

Панчо секогаш беше инертна машина и идеологот за сите нови песни и спотови. Не знаеше да застане, цело време размислуваше за нови песни и подвизи на групата ДНК.
Панчо беше како кртица – секогаш ровареше и наоѓаше спонзори само за да се заврши проектот.

Многу ме скрши оваа тажна вест што ја слушнав за тебе, Панчо другарe мој... а мислев дека ти ќе бидеш новиот Борец за да остане ДНК.

Но и ти се придружи на твојата група ДНК и сега некаде во небеските широчини, кај ангелите, ќе пишувате нови песни заедно со Андреј.

Панчо другарe мој, поздрави го Андреј и другите од групата, се надевам дека ќе имате многу концерти горе во бескрајноста“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
„Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат ... „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа...
Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина, скоро седум месеци по трагедијата в...
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...

Најчитани неделава