Лејла Рамковска, по емотивната исповед, првпат на регата во Грција: „Имаше многу адреналин и натпреварувачки дух“
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
„Оваа година не ми беше првпат на едрење, ама регата… е тоа беше ново искуство. Адреналин, ветер кој ја води играта, тактики и (многу) натпреварувачки дух. Научив дека иако стигаш прв до целта, можеш да освоиш трето место (поради правила кои искрено уште ги учам)“, вели Лејла Рамковска за уникатното искуство.

Јога инструкторката Лејла Рамковска, која неодамна си ја отвори душата во емотивна исповед за миговите кога го допрела дното во животот, сега се чувствува одлично, а оваа есен за првпат беше дел од регата.

Регата е спортски настан во кој учествуваат повеќе бродови, најчесто јахти или чамци на веслање, кои се натпреваруваат меѓусебно во трка по одредена патека по вода, море, езеро или река.

Регатата од која беше дел Лејла се одржа на море во Грција, а таа сподели впечатоци за ова искуство.
Натпреварувањето во едрење се одржало на одредена патека со старт и крајна цел, а регатата може да биде и од рекреативен карактер и подразбира заедничка пловидба на групи од луѓе на голем број на чамци, јахти и пловни објекти.

Лејла Рамковска вели:
„Првпат на регата...
Оваа година не ми беше првпат на едрење, ама регата… е тоа беше ново искуство.
Адреналин, ветер кој ја води играта, тактики и (многу) натпреварувачки дух.
Научив дека иако стигаш прв до целта, можеш да освоиш трето место (поради правила кои искрено уште ги учам).
Но, поважно... Преубаво искуство, игра со ветер и бранови, весело тимско дружење и многу смеење како главен фокус“.
Како изгледало нејзиното искуство преку фотки:







