Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама во Њујорк“
Потоа продолжува на интернационалниот избор во Варшава, каде што отишла со сестра ѝ, каде што исто така победила и уште веднаш ѝ била предвидена блескава светска кариера.
„ѝ се јавиле на Надица и ѝ рекле:
-Дали си спремна Катарина Ивановска да замине?
- Каде да замине?
- Готово, она е таа.

Не знаеле дали ќе ме пуштат од дома, па потоа следеле повици помеѓу сестра ми, мајка ми, татко ми и на крај се дава амин на Надица. Потоа се враќам во Скопје на неколку дена.
Кратко одам во Виена со мајка ми, но таму агенцијата многу лошо се однесуваше со моделите и благодарна сум ѝ на мајка ми што процени дека не сум за таму.
Се вратив, ѝ кажав на Надица дека не сакам веќе да се бавам со манекенство.
Потоа добив повик од Дејан Марковиќ од Белград, кој е директор на „Women“, агенција што работи Милано-Њујорк-Париз, со познати имиња како Наоми Кемпбел и Кејт Мос, ме викна во Белград да потпишеме договор, татко ми потпиша затоа што бев малолетна.
Потоа веднаш првата модна недела ја правам во Милано, како ексклузивно лице на Gucci, а потоа заминувам во Њујорк на 17 години.
Ми беше забавно, тоа беше нешто што никогаш не ме интересирало, но ми беше креативно и интересно, со убави и добри луѓе“.

Во текот на разговорот, повеќепати нагласува дека е многу важно како девојките во индустријата се воспитани од дома, а открива дека таа постојано била во контакт со мајка ѝ, секојдневно, но споделува и дека на почетокот не живеела во апартмани со манекенките, туку со директорите на агенциите, со нивните сопруги и деца, каде што била згрижена во нивните семејства.
Нејзината кариера се движела со брзина на светлината и во многу краток период таа ги освоила сите во индустријата, почнала да работи за големи модни куќи, да слика едиторијали за магазини како Elle, Vogue, Vanity Fair и уште многу други професионални соработки.

