Романтична фотосесија на Благица и Борчо од Кочани во Венеција: „Се чувствувавме како во филм, минувачите ни аплаудираа“
Подготовките за сликањето беа посебен дел од искуството и вистински предизвик. Се подготвивме со уште поголемо внимание кон секој детаљ. Се чувствувавме како повторно да се подготвуваме за свадбата, само овојпат во најромантичниот град на светот.
Додека се сликавме минувачите нè гледаа со љубопитност и насмевки, некои нè фотографираа, други ни аплаудираа и посакуваа среќа. Се чувствувавме како да сме дел од некој филм.

Секако сето ова немаше да биде возможно без вештите раце на нашиот фотограф Виктор Крстевски (VKR Photography), кој заедно со својата сопруга несебично ни помогнаа околу подготовките таму и се согласија да бидат дел од оваа наша авантура.
Тој успеа да ја долови секоја емоција, секој поглед и насмевка, и благодарение на него ќе ги имаме овие спомени засекогаш“.

Погледнете повеќе фотографии од фотосесијата:













©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело