Романтична фотосесија на Благица и Борчо од Кочани во Венеција: „Се чувствувавме како во филм, минувачите ни аплаудираа“

„Борчо подготви нешто што никогаш нема да го заборавам – романтично патување и фотосесија во Венеција. За нас тоа беше вистинска бајка. Не знаев ништо однапред, сè беше изненадување до последен момент. Кога пристигнавме во градот на љубовта, ме преплави чувство како да сме дел од некоја филмска сцена“ - вели Благица за CRNOBELO.com.

romantichna-fotosesija-na-blagica-i-borcho-od-kochani-vo-venecija-01.jpg

Благица (29) и Борчо Батевски (32), двајцата од Кочани, се пар кој веќе цели десет години чекори низ животот заедно.

Неодамна тие ја крунисаа нивната љубов со брак, а направија уникатна свадбена фотосесија во Венеција, која била изненадување од Борчо за неговата сакана. 

Фотографиите се бајковити, а тие уживаат во спомените кои ќе им траат засекогаш, додека се фотографирале како да се дел од некој филм. 

romantichna-fotosesija-na-blagica-i-borcho-od-kochani-vo-venecija-se-chuvstvuvavme-kako-vo-film-minuvachite-ni-aplaudiraa-06.jpeg

За CRNOBELO.com тие раскажуваат за нивната љубовна приказна, но и за фотосесијата во Италија: 

„Нашата приказна почна сосема спонтано, симболично и сосема судбински, нашата врска започна на 14 септември, на роденденот на Благица, ден кој секогаш носеше посебна енергија и радост.

По неколку години љубовна врска, повторно на 14 септември, ја запросив. Тоа беше најромантичниот подарок и момент што засекогаш ќе го паметиме.

Никогаш не ни падна на памет дека токму тој датум, години подоцна, ќе стане уште посебен.

romantichna-fotosesija-na-blagica-i-borcho-od-kochani-vo-venecija-se-chuvstvuvavme-kako-vo-film-minuvachite-ni-aplaudiraa-08.jpeg

Судбината си поигра на најубав можен начин, создавајќи спој на два најзначајни моменти во нашиот живот во еден ден што ќе го славиме засекогаш.

Подготовките за свадбата беа вистински предизвик – имавме само два месеца да организираме сè.

Но, кога нештото го правиш со љубов, времето не е пречка. Секој детаљ го избравме заедно, со многу внимание и желба денот да биде одраз на нас – топол, емотивен и исполнет со смеа и среќа.

И токму кога мислев дека ништо повеќе не може да ме изненади, Борчо подготви нешто што никогаш нема да го заборавам – романтично патување и фотосесија во Венеција.

За нас тоа беше вистинска бајка. Не знаев ништо однапред, сè беше изненадување до последен момент. 

Кога пристигнавме во градот на љубовта, ме преплави чувство како да сме дел од некоја филмска сцена – тесните улички, мирисот на морето, звукот на гондолите, светлината што се одразуваше на водата – сè беше совршено. 

romantichna-fotosesija-na-blagica-i-borcho-od-kochani-vo-venecija-se-chuvstvuvavme-kako-vo-film-minuvachite-ni-aplaudiraa-21.jpeg

Бевме сместени во прекрасен хотел во близина на Венеција, и иако престојот траеше кратко – само четири дена – се чувствувавме како да се таму цела вечност, уживајќи во романтичната атмосфера на градот.

Фотосесијата траеше неколку часа, но времето минуваше незабележливо. Се чувствувавме како да сме само ние двајца во целиот град.

romantichna-fotosesija-na-blagica-i-borcho-od-kochani-vo-venecija-se-chuvstvuvavme-kako-vo-film-minuvachite-ni-aplaudiraa-23.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....

Најчитани неделава