Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во болница - мојата сопруга е херој што го издржа тоа“
Си викам како да ѝ кажам, па докторите ми рекоа ајде заедно ќе одиме да им кажеме, веројатно нив им е тоа рутина, не го доживуваат така.
Се качивме кај Азра, и јас глумев лабав ѝ реков дека докторката ќе ѝ каже, таа ѝ кажа, а во тој момент ѝ реков уживај само ти биди добра, другото остај на мене.
Таа треба сега да остане со неа, а психички здрава жена е најдобра. Таа ми рече јас ќе изгасам телефон ти прај што сакаш. Излегов надвор, почна да врне и да се стемнува, застанав пред болница и бев без компас. Си велам што сега?
Имаше еден човек стои со ружи, излегов од таму и не знам зошто, ми текна на песната Gde cu sad moja ruzo...
Таа вест треба да ја носам сам, па треба да ја пренесам на моите, на семејството на Азра.
Почнав да се губам, да плачам, не знаев кај да терам, Дарис е со брат ми, му се јавив и му кажав, па тој нејќеше да верува ми рече да проверам да не е грешка.
Морав да барам поддршка, се јавив на другари, седнав на бензинска и се мислев како да им кажам на моите, татко ми има шеќер, како да кажам дека 3 месеци нема детево да излезе од болница. Мене ми е несфатливо, а како па да објаснам на Дарис.
Лекувањето се состои од три блока. Првиот блок е најтешкиот, во болница 90 дена, вториот блок 5 дена оди да прима терапија, во третиот блок останува исто околу 3 месеци во болница.
Земав да ја читам книгата што ќе се случува со детето, за хемотерапии... Па кога отидоа да ѝ земат примерок од коскена срж, седиш во ходник и слушаш како твоето дете вришти, те бара, не можеш да влезеш зашто ти треба код, ништо друго не се слуша освен нејзиното вриштење.
Сакаш да избегаш, а душа не ти дава. Родителите што се таму и што го гледаат тоа, се вистински херои, посебно мајките. Јас еднаш го гледав тоа, страшно е, језиво...
Дариа цело време беше насмеана, а тој период кога беше во болница, мене на работа ми се случија најголеми успеси, прв направив мобилна апликација за закажување шишање, шишам познати луѓе, песната од Слаткар „Да полетам“ ми е химна, па доаѓа тој кај мене во дуќан...
Азра е херој во приказнава, се откажа од сè од животот за да биде со Дариа и да ѝ биде поддршка. Замисли да е со дете кое заради терапија менува расположение.
Еден ден нејќе да јаде, еден ден сака, еден ден плаче, друг нејќе да стане од кревет. Ти си родител затворен во 4 ѕида 3 месеци и го преживуваш тоа секој ден.
А јас сум надвор, работам, се гледам со луѓе, ми се случува нешто за да не мислам. Кога ќе останам сам ме фаќало параноја и сум посегнувал по алкохол.
Бараш нешто да ти се случи за да не мислиш, да избегаш, ама нема бегање.
Мирен си дека е откриено на време, дека се лекува, но сепак потсвеста ти работи, да не биде нешто. Но веруваш и се надеваш на најдоброто.
Тие 10 месеци мене ми беа 10 години, а замисли на Азра ѝ се 160 години. На сите родители што се таму и поминуваат низ тоа.
Фала Богу кај нас лечењето беше добро, имаше случаи кога децата мораа да одат во Турција, во други држави, тоа е уште потешко, па пари да се покриваат, хаос...
Тој вели дека не покажал никогаш пред клиентите, затоа што во бербершоп секој доаѓа да се опушти: „Не можам да ги тормозам луѓето, не сум сакал никогаш да покажам ништо“.
За крај Дариа заѕвони на ѕвончето на Детската клиника, а Ерко за тој момент вели:
„Ова е моментот кога ти се менува животот, позитивно. Едниот е кога ти се менува кога ти ја даваат книгата, моето дете има рак, а овде имаш една победа, со исчитана книга и поминати сите процеси од книгата.
И ова е тој момент дангдангданг. Непроценливо, нема цена. Не само за мое дете, и за други деца кога сум гледал дека ѕвонат, има посебна емпатија. Или твоето дете треба да заѕвони или веќе заѕвонело, друг е моментот“.
Погледнете го целиот подкаст:
М. М. | Црнобело
