Нашиот тату артист Горан Миќиќ објави дека го победил ракот: „Животот не знаеш што ти носи, сакајте ги блиските“
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате. Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда“ - напиша Горан и сподели повеќе фотки од болница во Атина.

Еден од најпознатите тату артисти кај нас, Горан Миќиќ, објави дека тивко ја водел најтешката битка, со ракот.
На својот Инстаграм профил, објави серија фотографии од Грција, од кои на едната е во болница во Атина.

Неговиот опис на објавата изненади многумина:
„Животот не знаеш што ти носи, затоа сакајте ги и почитувајте ги најблиските околу вас. Ослободен од рак. Не ми е цел да ме сожалувате.
Ова го постирам со цел да помогнам на некој што му треба каков било совет и каде да се обрати за рак на тироидна жлезда.
За некои луѓе немам зборови...“ – напиша тој и ги означи неговата сопруга, Перо Антиќ, психологот Ивана Хаџиванова и уште еден пријател.

На останатите фотки тој има ставено ехо снимки и извештаи од дијагнозата, прошетки на сонце со сопругата, но и моменти од болнички кревет.


Во коментари, неговите блиски му посакуваат брзо опоравување.
Уште еден потсетник дека животот е еден и треба да го сакаме и чуваме, но и како што вели тој, да ги сакаме и почитуваме најблиските.








М. М. | Црнобело