Скопска зграда со 6 влеза е како од зимска бајка - празничните цртежи измамуваат насмевка на станарите (фото)
- Детали
- среда, 17 декември 2025
Веќе неколку години, во периодот на празниците, станарите од оваа зграда, но и нивните гости, се восхитуваат на убаво исцртаните стакла на влезовите.

Празничните денови носат многу топлина. А кога таа магија од домот ќе се пренесе на целата зграда, место кое го делиме со многу други луѓе, тогаш празниците се уште повесели.
Доказ за тоа е и комплексот од три згради, со 6 влеза во скопската населба Аеродром.

И секој од нив веќе неколку денови е разубавен со рачно насликан цртеж.
На секој од овие 6 влеза годинава има различен цртеж - Дедо Мраз, ирвас, снешко, пингвин и поларна мечка.

Неколку години по ред станарите на оваа зграда, но и нивните гости, се восхитуваат на убаво исцртаните стакла на влезовите.
Станарите велат и дека ова станува убава традиција која ги развеселува во празничниот период и дека на цртежите не се радуваат само децата, туку и возрасните.
Погледнете ги фотографиите:







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело