Почина Драган Б. Костиќ, најпрепознатливиот радио глас: „Патувај мирно Диско селекторе“
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за еден од најпрепознатливите радио кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 - 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста.
Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

Драган Б. Костиќ е роден на 10 јуни 1950 година во Скопје. Својата богата кариера ја започна во Македонското радио и остави неизбришлива трага во историјата на домашното радио.
Најпознат е како автор и водител на култните радио-емисии „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“.
„Диско селектор“ започна да се емитува во 1974 година и со текот на децениите стана музички белег на неколку генерации слушатели.
По повод 30 години од „Диско селектор“, во јуни 2004 година, Костиќ организираше голема музичка забава на лизгалиштето во Скопје, на која беа продадени околу 6.500 влезници – настан што и денес се памети како еден од најмасовните музички собири од тој тип.
Беше познат и како страстен и посветен колекционер на музика, со импозантна колекција од над еден милион аудио записи, која важи за една од најголемите во регионот.
А. Ј. | Црнобело