Снешка од Скопје, мајка на 3 деца: „Се преселив во Германија - се разведов, бев мијачка на садови, а денес го живеам сонот“

Моето ново работно место е негувател или тоа што јас си го нарекувам „професионална внука“.

И ни на крај памет дека работа со постари лице ќе ме направи толку многу среќна.

Секој ден си одам дома со солзи радосници во очи. Толку љубов добивам од моите пациенти, тоа е чудо на чудата. Моето перпетуум мобиле.

Бев на одмор пет недели. Од одмор им пратив разгледници на колегите, на пациентите, им купив магнетчиња, едвај чекав да ги видам сите.

Моите пациенти не знаеја кога ќе се вратам. Само им се појавував на врата според распоред за работа. Сите до еден со солзи во очи ме гушкаа, ме бакнуваа, ми кажуваа колку многу сум им недостасувала…

Секој ден плачев од среќа, ама плачев, со солзи и нос дување. Професионално плачев, дека професионална внука.

Првите две недели по одморот бев бомбардирана со емоции. И многу ми беше убаво.

Почнаа тогаш пациентите да се јавуваат во канцеларија, еден по еден секој ден:

„Сакаме само Огнена да доаѓа кај нас и никој друг“ – менаџерите пресреќни. Најчесто ако некој се јавува, се јавува да се кара, по пропис. Но, овој пат не беше така.

Душа ни се полнеше на сите, а сè почна со едно зрно љубов што го посадив.

sneshka-od-skopje-majka-na-3-deca-se-preseliv-vo-germanija-se-razvedov-bev-mijachka-na-sadovi-a-denes-go-zhiveam-sonot-05.jpg

На 11 ноември беше мојот роденден. По којзнае кој пат цвилев од среќа, со нос дување со сè.

Пациентите ми го паметеле роденденот, од февруари кога сум им кажала, кога сме се запознавале, па и подарочиња си добив, шољичка на којашто пишува „Светот е поубав, бидејќи ти си во него“, едно цвеќе, еден ваучер за книжарница, еден ваучер за гориво ЗАТОА ШТО ЈАС МНОГУ СУМ САКАЛА ДА ВОЗАМ И ДА ПАТУВАМ. Ништо премногу, а сепак НАЈМНОГУ.

Луѓето коишто со своите СРЦА СЛУШАЛЕ кога сум зборувала.

Повторно така набилдана со љубов си дојдов дома во куќата со ѕидови обоени во љубов.

И така, шест години подоцна доаѓаме до денешниов ден.

sneshka-od-skopje-majka-na-3-deca-se-preseliv-vo-germanija-se-razvedov-bev-mijachka-na-sadovi-a-denes-go-zhiveam-sonot-07.jpg

Си почна тивко, љубовно, како и секој ден. сè додека мојата Љутка, пациентка, не ми рече: „Овој подарок е за тебе, за Божиќ“.

Цело сетче за арома терапија. Пукнав од среќа. Токму тоа што ѝ требаше на мојата астма, гратис што си ја ќарив од разводот. Без гајле, докторите тука ми ја средија астмата со солени соби и арома терапија. Дишам.

Понатаму денот продолжи со СУПА ПОД ЖЕЛКА.

Другарка ми Инес, Германка, ми оставила тенџере супа пред врата додека бев на работа.

Врз тенџерчето ја ставила желката, којашто ми е украс. Желката е подарок од друга другарка, Тине, исто Германка. Послатко не можеше да биде кога си дојдов дома.

Инес е другарка на мојата другарка Ана, Германка. Го посочувам Германка, Германка, заради клишето „Ладни Германци“… Не знам кај се тие ладните. во шест години ни еден таков не сретнав. 

Супата, лудило!!!

И потоа состанок во канцеларија. За крај на година.

Ме прашаа менаџерите како сум задоволна, само им ги покажав осмиците и срцињата во очите ми се појавија, не можев поголема насмевка да подарам.

sneshka-od-skopje-majka-na-3-deca-se-preseliv-vo-germanija-se-razvedov-bev-mijachka-na-sadovi-a-denes-go-zhiveam-sonot-13.jpg

Си кажав сè најискрено, колку сум среќна, колку сум презадоволна од сите во фирма, секој посебно го пофалив бидејќи имаше за што… Атмосферата беше како да сме си на гости дојдени и си разговараме пријателски, а не како некој официјален состанок. Милина.

На крај, добив подарок од фирмата. Една мирислива свеќа, рачно изработена (моја љубов се рачни изработки), ваучер да си купам нешто убаво за спомен, пенкалце со малку магија и една папка со благодарница.

Зад благодарницата уште едно ливче, мојот нов договор за работа со покачување на платата.

Среќен ми шести германски роденден!“.

Прочитајте и Снешка од Скопје ги пофали своите соседи во Германија: „Соседите тука ти ги собираат алиштата од жица ако заврне“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg