Балерината Стефанија Гаштарска: „Моите родители се разведени, со татко ми не зборувам веќе една година“
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025
„Мајка ми и татко ми се разведени. Сето тоа беше многу тешко. Мајка ми не можела да спие и сум ја гледала како плаче итн. А татко ми на пример си живеел свој живот. Имам некоја лутина“, искрено вели Стефанија Гаштарска, нашата балетска гордост.

Стефанија Гаштарска е балетски уметник, дипломирана на Болшој балетската Академија во Москва, солист првенец во Перм Опера и Балет во Русија.

Нејзината мајка Марија Крстевски, која го има и синот Давид, е солист во Македонската Опера и Балет, дипломиран балетски педагог и репетитор, како и сопственик на балетско студио.

Тие двете отсекогаш си се најголема поддршка, но сега Стефанија за првпат во гостување во подкастот на Нина Ред, кој е фокусиран на менталното здравје, проговори за односот со татко ѝ.

Таа откри дека мајка ѝ и татко ѝ се развеле кога имала само 3 години, но дека имала пресреќно детство.
Вели дека разводот не го гледа како нешто трагично, туку како дел од животот.
Додава дека сите свои успеси ги должи на мајка ѝ, која буквално го посветила животот на неа.
Стефанија зборува и за тоа колку патот да стане врвна балерина бил тежок да се издржи и дали некогаш помислила да се откаже.

За тешките периоди и односот со татко ѝ Стефанија вели:
„Сум ѕвонела на мајка ми, сум плачела, сум викала мамо јас изгледа не сум за балет, бидејќи сме имале тешки периоди.
Мајка ми и татко ми се разведени.
Сето тоа беше многу тешко.

Мајка ми не можела да спие и сум ја гледала како плаче итн.
А татко ми на пример си живеел свој живот.
Имам некоја лутина. Јас со татко ми не зборувам една година веќе, затоа што он се тргна на страна кога најмногу ми требаше“.

Нејзината изјава (кликнете на видеото):
Нејзиното гостување како дете, кадe зборува за балетот (кликнете на видеото):
Погледнете го целото гостување на Стефанија, кај Нина Ред (од 31 минута зборува за односот со татко ѝ):
Прочитајте и Каква мајка, таква ќерка – Нашите балерини Марија и Стефанија се доказ дека гените се чудо
С. С. | Црнобело