„Денес ти е роденден“ - Ана Костадиновска скршена од болка за нејзината Сара, која почина во пожарот во Кочани
- Детали
- вторник, 30 декември 2025
„Летај сестричке“ - стои во пораката која Ана Костадиновска ѝ ја напиша на нејзината најдобра пријателка Сара Пројковска на родендот, и објави заеднички фотографии.

Трагедијата што се случи во Кочани на 16 март ќе боли уште долго, а болката најмногу ја чувствуваат оние кои загубија свој близок.
Меѓу нив е и Ана Костадиновска, која заедно со Сара Пројковска беа како сестри и со години пееја придружни вокали на голем број наши музичари.

Ана преживеа, но Сара го загуби својот живот во дискотеката „Пулс“, заедно со уште 62 лица.
Денес, на роденденот на Сара, Ана објави неколку заеднички фотографии и скршена од болка, напиша порака за својата „втора половина“, како што знае често да ја нарече.

„Денес ти е роденден... летај сестричке“ - стои во пораката од Ана до нејзината Сара на Инстаграм.
Погледнете ги фотографиите:





А. Ј. | Црнобело