Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“
- Детали
- недела, 04 јануари 2026

Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“ и „Фолк“, урбана легенда и култен градски лик.
Лик без кој Скопје нема повеќе да биде исто, човек кој беше дел од срцето на Скопје.
Неговите пријатели испраќаат последен поздрав на социјалните мрежи:
Миа Костова
„Све поголема е журката таму горе. Крај на една ера. Широко небо Панкер.
Балет си беше или нема да влезеш или ќе маваш лустери до 5 сабајле“.

Маја Платнар
„Си замина Панкер
Симболот на Скопје
Човекот што буквално израсна генерации, меѓу нив и мене
Се гордеам на деновите минати во Флок
Сите бевме дел од едно јато, едно прекрасно време
Си замина Зоки
Еден од најдобрите луѓе што ги познавав
Прекрасен, мирен, препрепредобар, со разум и широко отворен ум
Панкер е вреден за споменик
Вечна ти слава другарчино
Танцувај балет на небото
Навистина тажно“.

Фросина Фро
„И Зоки Панкер Тодоровски се одјави. Скопска и угостотелска легенда кој знаеше скопски да го живее секојдневието на градов, кој се повеќе го губи шармот.
Ќе фалиш Зоки со твоите црнчиња што нè частеше сите во Балет. Ќе фалат твоите журки, ќе фали Балет и ќе фалат моментите кога скоро секој од нас нè имаше барем по еднаш разденето во Балет.
Ќе фалиш со твоите легендарни изјави: Не ги пуштај овие, многу се свадбарски облечени. Се одјави еснаф човек. Полека и Скопје се одјавува“.

Горан Костовски
„На почетокот од годинава нѐ напуштија две скопски легенди. Анита Капетановиќ, бунтовничката хумана кучкарка од Генералштаб, што не го дочека повторно Брега во Скопје - посебна, ретка билка.
И Зоки Панкер (Флок и Балет), човекот со кој сите испиле веројатно најмногу шотови во животот, па дури и дозволи техно да се свири во Балет некое време.
Лесна им земја - му даваа посебен шмек на Скопје. Затварањето на Буква не го спомнувам со надеж дека ќе отворат на друга локација“.


