Браво! Фризерка од Кривогаштани од коса го направи ликот на Петре Прличко - Игор Џамбазов воодушевен
- Детали
- четврток, 08 јануари 2026
Светлана со години прави портрети од коса од познати личности со кои ја воодушевува јавноста, а последниот е ликот на великанот на македонското глумиште, Петре Прличко.

Светлана Зуљамоска-Гроздановска од општина Кривогаштани, која е фризерка и шминкерка, со години изработува портрети од коса.
Тоа го прави во своето фризерско студио, откако ќе замине и последниот муштерија.

Неколку часа ги „реди“ остатоците потстрижана коса, а крајниот резултат секогаш е за восхит.
Еден од последните портрети што ги направи е оној на великанот на македонското глумиште, Петре Прличко.

Таа на Инстаграм сподели видео од направениот портрет, па освен своите следбеници, го воодушеви и внукот на Прличко, Игор Џамбазов, кој го сподели видеото и кај себе.

„Портрет на легендата на македонското глумиште, Петре Прличко. Направив комбинација од повеќе негови фотографии и го добив ова дело. Колку успеав да го доловам ликот сè уште не сум сигурна…“, напиша таа на Фејсбук, каде што сподели и неколку фотки од своето дело.

Низ годините Светлана има направено портрети на многу јавни личности од кај нас, но и балкански и светски ѕвезди, а меѓу нив е и Игор, лиј портрет го направи уште во 2019-та година.
Кликнете на видеото за да го погледнете ремек-делото на Светлана:
А. Ј. | Црнобело