Маја Кикириткова во провокативни пози на Бали - страсни бакнежи со сопругот, позира на карпа под водопад
- Детали
- сабота, 10 јануари 2026
Во црни бикини, седната на карпи под водопад, модната дизајнерка мами воздишки, а доби и пофалби за љубовните фотографии со сопругот Александар.

Модната дизајнерка и инфлуенсерка Маја Кикириткова е на семејно патување на Бали.
Откако патувањето го одложија поради магла на аеродромот во Скопје, а во меѓувреме се справуваа и со вирусите кои владеат периодов, тие конечно стигнаа на рајскиот остров.

Веднаш по пристигнувањето Мака откри дека првата половина од одморот ќе бидат сместени во Убуд, а потоа ќе ја сменат локацијата, а сподели и неколку фотографии од хотелот и локалната храна.
Но, Маја предизвика воздишки и пофалби со првите фотки што ги објави од Бали.

Облечена во црни бикини, Маја позира легната на карпи под водопадот Канто Лампо.
На дел од фотографиите, таа е во љубовен занес со сопругот Александар, кој страсно ја бакнува.

Тие направија и неколку фотографии со децата, пиеја кокосов сок и уживаа во почетокот на патувањето.
„Првите страници од оваа година“, напиша таа на Инстаграм.

За Канто Лампо водопадот, Маја вели дека е главна атракција во Бали.
„Висок е околу 20-30m и е составен од повеќе каскади водата не паѓа во еден прав „столб", туку се разлева преку степенести карпи, создавајќи сцена идеална за позирање. Водопадот е релативно „млад" се оформил по свлечиште во 2015 година, кога реката Бангунлемах го сменила своето корито и започнала да тече преку сегашните карпи“ - напиша таа.

Маја, потоа, уште еднаш воодушеви кога објави фотки со црвен фустан, седната на познатите лилашки во Бали.
Погледнете ги фотографиите:


