Саканата на ракометарот Дејан Пецаковски (40) му приреди роденденско изненадување, со неговите синови од првиот брак
- Детали
- вторник, 13 јануари 2026
Неговата сакана Марија Дурљанова со синовите на Дејан, од бракот со Сања Ристиќ, му приреди изненадување на поранешниот ракометар со роденденска торта и капчиња.

Поранешниот ракометар Дејан Пецаковски на 12-ти јануари го прослави 40-тиот роденден со саканата Марија Дурљанова, која работи како персонален тренер, и со неговите два сина од бракот со Сања Ристиќ.
Дејан ја пронајде среќата покрај Марија по разводот, а парот го поврзува и љубовта кон спортот.

Марија му приреди роденденско изненадување на Дејан, со помош на неговите синови, и на Инстаграм Стори напиша:
„Изненадување за тати... иако телефонот реши да престане да снима.
Смеа, солзи... сè како што е редот.
СРЕЌНА 40-ка Дејан!
Нека следат уште многу вакви моменти“.



Дејан, по повод роденденот, на својот Инстаграм профил напиша:
„40-тата деценија ја дочекав во најубаво можно друштво – сите на број.
Искрено, се чувствувам најмлад до сега и со најмногу енергија.. да не се лажеме.
Фала ви на сите од срце за честитките, да сте ми живи и здрави!“
С. С. | Црнобело
