Александар Михајловски скрши нога на скијање - објави кадри од болница и се шегува на тема данок за инфлуенсери со Миа Костова
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
„Нозе ќе искршите, данок да не платите...“, му порача Миа Костова шеговито во коментар на синот на Тони Михајловски, откако тој скрши нога и се обрати на тема данок за инфлуенсери до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Александар Михајловски објави видео како ужива на скијање, а само малку подоцна му се случила незгода и ја скршил ногата.

Во вториот дел од видеото тој е во болница и се движи со штаки.

Но, и покрај непријатната ситуација, актерот ја задржува својата препознатлива смисла за хумор, па во описот на видеото се пошегува на тема данокот за инфлуенсери.
Инаку, тој е познат и по хумористичните видеа кои ги снима за Инстаграм, а често се во рекламна насока за одредени брендови или бизниси.

Александар напиша:
„Добар старт во новата година!
П. С. АВМУ (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), ова не е платена реклама“.

На неговата шега се надоврзува и Миа Костова и вели:
„Нозе ќе искршите, данок да не платите...“
Kликнете на видеото:
Прочитајте и Александар Михајловски: „Моите родители се разведоа кога имав две години, пораснат сум во стан со мајка ми, баба ми и дедо ми“
С. С. | Црнобело