Кирил Колемишевски, поранешен член на Нокаут: „Дали Македонците можат да купуваат станови во Шпанија?“
Пример:
Стан од 200.000 евра
Дополнителни трошоци отприлика 20.000 до 25.000 евра
Годишни трошоци:
Општински IBI данок, неколку стотини евра годишно
Заедница и комуналии, зависи од зградата
Данок за нерезиденти, дури и ако не го издаваш станот.

Да, Македонци можат легално и без проблем да купуваат недвижности во Шпанија.
Процесот е јасен и безбеден, ама мора однапред да се знаат бројките.
Ако одиш спремен, купувањето во Шпанија е многу поедноставно отколку што изгледа.

Инаку, купување недвижност во Шпанија само по себе не значи дека автоматски добиваш жителство. Имотот ти дава право на сопственост, ама престојот и жителството се сосема посебна правна категорија.
Како македонски државјанин, без резиденција можеш да престојуваш максимум 90 дена во период од 180 дена, без разлика дали имаш стан или куќа во Шпанија.
Ако сакаш да живееш подолго од 90 дена, мораш да аплицираш за дозвола за престој.
Најчестиот начин за луѓе што веќе купиле имот е таканаречената нелукративна резиденција. Таа е наменета за лица кои имаат доволно сопствени средства за живот и не планираат да работат во Шпанија.
Државата бара доказ за стабилни финансии, приватно здравствено осигурување и чиста казнена евиденција. Купениот имот тука служи како доказ дека имаш каде да живееш, што значително ја олеснува апликацијата.

Финансискиот услов значи дека мораш да покажеш средства на сметка, најчесто околу 28.000 до 30.000 евра годишно за едно лице, со повисок износ ако аплицираш со семејство.
Ова не е такса што се плаќа, туку доказ дека можеш сам да се издржуваш.
Апликацијата се поднесува од Македонија, преку шпанскиот конзулат, и најчесто се одобрува за период од една година, со можност за продолжување.
Друга можност е престој преку работа или преку отворање фирма во Шпанија.
Во овој случај, основата за жителство е договорот за работа или бизнис активноста, а не купениот имот. Сепак, фактот дека имаш сопствен дом се гледа како знак на стабилност и сериозна намера за престој.

Постои и опција за луѓе што работат онлајн за странски компании или клиенти надвор од Шпанија. И тука, имотот не е причина за добивање жителство, туку само доказ за адреса и реален престој во земјата.
Во пракса, суштината е едноставна. Купениот имот ти отвора врата да покажеш стабилност, ама жителството се добива преку приходи, работа или финансиска самостојност.
Затоа е паметно уште пред купување да се знае на кој основ можеш легално да живееш во Шпанија, за да нема непријатни изненадувања подоцна“.

Прочитајте и Кирил Колемишевски по 4 години во Канада: „Живеам во предградие на Торонто, животот тука не е ниту лесен, ниту едноставен“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com