Антониа Гиговска дува свеќички со синот по роденденот и второто запросување од Џокер: „Ах, каква ноќ беше“
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
„Велат дека со 25 години започнува ново поглавје, па ајде тогаш нека биде најдоброто“, вели Антониа Гиговска, па дуваше свеќи и со својот син Киан (2), а за него вели „Мојот најубав подарок“.

Антониа Гиговска на 21-ви јануари го прослави својот 25-ти роденден во друштво на сопругот и нејзините сакани во еден скопски локал.

Дрес кодот беше сите да се облечат во бело. Антониа имаше тематска декорација обоено во тегет со многу свеќи, цвеќе и балони, а во истата боја беше и тортата.

Пејачката за оваа пригода облече долг бел фустан со отсечоци, кој ја истакна нејзината фит линија.

По, прославата, таа дуваше свеќички со својот син Киан (2) на дел од преостанатата торта и напиша за него „Мојот најубав подарок“.



На самата прослава сопругот Роберт Спасенцовски, познат како Џокер, повторно ја запроси Антониа.
Овојпат јавно со прстен во кутија со срциња и букет со 100 рози, пред сите присутни.

