Миа Костова направи липосукција на стомакот: „Бев будна во текот на операцијата, ме чинеше околу 1.500€“
Таа откри дека резот е прилично голем, но бидејќи операцијата е на клиниката за пластична хирургија, за 2 години ќе е скоро незабележлив.
Тоа го дополни и со информацијата дека лузните под градите, од операцијата за нивно зголемување, скоро и да не ѝ се забележуваат.

„Дали изгледот на стомакот беше резултат само на бременоста/породувањето“ - е едно од прашањата.
Миа потврди дека е така, покажа фотка од кожата која ѝ виси, и одговори: „Бременост, царски, 35 кила плус“.

„Дали имаше остранување и на масно ткиво или само на кожа?“ - ја прашаа, а таа одговори: „За жал сликите не се за јавност од тоа што извадија од мене, ама зачудувачки многу за тоа колку малку изгледаше.
Целиот долен дел со тетоважата е отстранет секако сосе масното ткиво под кожа, а плус ми извадија некои 200-300g со смукање“.

„Дали болката после операцијата е иста како после царски?“ - ја прашаа.
„Апсолутно не! Во овој случај не се пипани мускули, ниту е преместуван папок. Можеби за голема абдоменопластика која содржи сè ова горе - би било слично. Ова не е ни приближно.
За царски се влегува преку кожа, ткиво, мускул, матка. Овде завршуваш со ткиво“ - објасни Миа.

Следбениците ги интересираше и за цената на операцијата, а таа им одговори дека таа варира зависно од самата процедура, но дека нејзината интервенција чинела околу 1.500 евра.

Миа сега носи корсет, кој вели дека е неопходен и мора да се носи 4 до 6 недели.
„Мора да го носиш за да се залепи кожата за ткивото, особено по липосукција.
Не е само појас, туку продолжува во хеланки и е специјален за оваа намена. Има простор за во тоалет и не го соблекуваш воопшто“, кажа таа.

А. Ј. | Црнобело