Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи, како во Југославија“

„Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме така, инаку годината е 2026, Македонија).. Таа има само пет месеци, а мама ја држи во раце и тивко ѝ зборува. Станот е старовремски - дрвен мебел, чипкани милјеа, пожолтени фотографии и радио што тивко свири некоја стара мелодија. Мириса на кафе и на спомени“, емотивно вели Христијан Маџовски од Куманово и испраќа моќна порака.

hristijan-od-kumanovo-ja-odnesov-kjerka-mi-vo-retro-stanot-na-pradedo-i-so-miljea-i-vintidj-raboti-kako-vo-jugoslavija-01.jpg

Христијан Маџовски од Куманово е татко на малата Веда, со која сними емотивно видео, кое навистина е позитива на денот.

Со својата сопруга и со нивната наследничка тој го посетил дедото на неговата сопруга Симе, кој всушност е прадедо на Веда, и живее во стара зграда во Куманово од далечната 1979-та година.

Станот и денес, во 2026-та, е уреден како што бил некогаш, а со сите винтиџ детали ни ја враќа носталгијата за старите времиња и Југославија.

Инспириран токму од ова, Христијан емотивно вели:

„Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (си замислуваме, инаку годината е 2026, Македонија)..

Таа има само пет месеци, а мама ја држи во раце и тивко ѝ зборува, си игра со неа и ѝ се смее.

hristijan-od-kumanovo-ja-odnesov-kjerka-mi-vo-retro-stanot-na-pradedo-i-so-miljea-i-vintidj-raboti-kako-vo-jugoslavija-04.jpg

Станот е старовремски – дрвен мебел, чипкани милјеа, пожолтени фотографии и радио што тивко свири некоја стара мелодија. Мириса на кафе и на спомени.

Прадедо стои на страна, ги гледа двете и се смее слатко, со поглед полн топлина и носталгија.

Времето тука тече побавно.

hristijan-od-kumanovo-ja-odnesov-kjerka-mi-vo-retro-stanot-na-pradedo-i-so-miljea-i-vintidj-raboti-kako-vo-jugoslavija-03.jpg

Ако малата Веда живееше во Југославија…

Ако малата Веда живееше во Југославија, денот ќе почнеше тивко. Нема екрани, нема брзање.

Само звукот на радио-апаратот во аголот, оној со дрвена кутија и топло крцкање, од кое се слушаат утринските вести и стара музика што сите ја знаат.

Станот мириса на старо дрво, на свежо сварено кафе и на некоја чудна, но топла мешавина од сапун, домашна храна и спомени.

Станот на прадедо е мал, но полн. Полн со живот, со приказни, со години.

Масата е покриена со чипкана чаршавка, ѕидовите со пожолтени фотографии од времиња кога се живеело поскромно, но некако – потопло.

Секој предмет има своја приказна, секоја пукнатина во паркетот памети чекори од минатото.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава