„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето
Западна македонска трансверзала? Изодена. Корона локдаун. Вкупно 200km со околу 9.000m искачена висина.
Почетна точка Старо село под Љуботен - завршна точка Црвена вода - Охрид.
Пешки, со една здрава нога. После ова 7 дена не газев на левата нога... не ме прашувај ништо!

Дали можеби некогаш имам спомнато што може да ти се случи ако за време на трансверзала еден каиш од ранецот позади до р'бетот те „жуља“ ама го игнорираш?


Симнување на Новогодишна -Матка. Без партнер, без јаже.
Не знам дали ова место ќе го одам некогаш пак...

Најава за ветер над 60km/h? Не тргнувај.

Местово е на 10 минути од врв Руен. Врвот никогаш не го најдовме во маглава.
Кога има магла и снег, буквално сè ви е исто. И лево и десно, и горе и долу.
Ориентација 0. И навистина, доколку немаш GPS рута од врвот, воопшто не се ни обидувај...

-28 степени - Солунска глава.
Никој друг не извади ракавица да снима, нормално.

